Најмалку 12 лица загинаа од студот во САД

Северот на САД гo зафатија поларни температури и арктички ветар, а најмалку 12 лица загинаа од ниските температури.

Екстремно ниските температури, меѓу – 34 и – 53 степени, што е историски рекорд предизвикаа незапаметен поларен вртлог. Во гратчето Махномен на северот на Минесота во 06:00 часот утрово биле измерени -40 степени , а поради ветрот температурата се чуствувала како да се -53 степени .

Властите во Висконсин , Илиноис и Мичиген идадоа предупредување поради екстремните температури , што зафаќа подрачје на кое живеат повеќе од 60 милиони луѓе. Во Чикаго вчера наутро беа измерени
– 30 степени.
Како заштита од студениот ветар жителите носат скијачки маски на лицата. До утре сите државни канцеларии и училиштата се затворени, затоа што за денес се најавува температурата да изнесува помеѓу -30 и -40 степени.

Заради смрзнатите шини не работи градското метро, иако вчера работниците ги палеа за да ги одмрзнат. Во домашниот и меѓународниот сообраќај од аеродромот во Чикаго откажани се и повеќе од 2 500 летови.
За лицата кои дома немаат соодветно затоплување, како и за 16.000 бездомници поставени се повеќе од 270 пунктови за греење како заштита од одамна незапаметените студови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK