ДОСЕГАШЕН ПРЕСЕК: Најмалку 150.000 луѓе без покрив над главата и уништени околу 6.000 згради во земјотресот во Турција

Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата во силниот земјотрес на југот на земјата, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Се проценува дека се уништени околу 6.000 згради.

Засега е познато дека повеќе од 5.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7.8 степени по Рихтер во југоисточна Турција и северозападна Сирија.

Од земјотресот се погодени околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија, од кои 13.5 милиони луѓе се од Турција, изјави турскиот министер за развој, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесе „Еј-би-си“.

Пронајдете не на следниве мрежи: