Најмалку 32 загинати: Хаосот продолжува, бројот на жртви постојано се зголемува

Најмалку 32 лица загинаа во новите судири меѓу сунитите и шиитите во северозападен Пакистан, изјави за AFP член на локалната администрација.Ова се случи два дена по нападот врз шиитите во кој беа убиени 43 лица.Од ова лето, во судирите меѓу мнозинските сунити и малцинските шиитски муслимани во Курам, област во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва која се граничи со Авганистан, загинаа околу 150 луѓе, а судирите продолжуваат секој пат и покрај примирјето прогласено од племенските совети, познати како џирга.Во четвртокот, десетина напаѓачи отворија оган врз конвој со шиитски семејства под полициска придружба во планинската област. Најмалку 43 лица загинаа, а 11 ранети сè уште се во критична состојба, соопштија властите.Ситуацијата се влоши во петокот вечерта по еден ден на погреби и протести на малцинските шиити поради крвопролевањето, изјави висок полициски функционер за АФП.

Пронајдете не на следниве мрежи: