Најмалку 50 загинати во сообраќајка во Замбија

Најмалку 50 лица загинаа во сообраќајка што се случила во четврток утрото, во Замбија.Некои медиуми јавуваат за 51 жртва, во несреќата во која учествувале автобус со патници и камион, а се случила утрово во 7 часот по локално време во квартот Чибомба.Во директниот судар на камионот со џип, возачот изгубил контрола на возилото и се удрил во патничкиот автобус.Некои од патниците се уште се заглавени во превртениот автобус, па бројот на жртви може и да се зголеми.Еден извор наведува дека само десет луѓе ја преживеале несреќата, а спасувачите се обидуваат да ги извлечат телата заробени во автобусот.Повредените се сместени во локалната болница, јавија замбиските медиуми.Ова може да е една од најголемите сообраќајни несреќи во земјата во последните неколку години.
МакфаксНајмалку 50 лица загинаа во сообраќајка што се случила во четврток утрото, во Замбија.

Пронајдете не на следниве мрежи: