Секој од нас се соочил со лош ден, но треба да се обрне посебно внимание на постојаните промени на расположението.
Лошото расположение може да биде предизвикано од несоодветна исхрана, недостиг на сон, недоволна физичка активност како и големи животни промени.
За среќа, постои намирница која може да помогне во контролирање на овие промени како и во елиминирање на стресот и подобрување на расположението.
Доколку вашето расположение не е на завидно ниво, пред да посегнете по разни таблети, земете едно стебленце целер и изгрицкајте го.
Оваа билка ја препорачувал и Хипократ и ја опишувал како најделотворна во лекувањето на анксиозноста и депресивните состојби. Тајната се крие во изобилството од магнезиум, калиум и калциум со кои оваа билка располага, што влијае на ублажување на напнатоста.
Покрај тоа што го подобрува расположението, целерот ќе ве засити и ќе започне процес на исфрлање на токсините од организмот.