Најмоќниот домашен напиток кој секоја жена над 50 години треба да го консумира

Дали може да се замислите себеси секојдневно да консумирате кисело млеко? Доколку го обожавате, тогаш вреди да го пробате следниот домашен напиток. Сите знаеме дека киселото млеко е неверојатно корисно за нашето здравје, а со истото воедно може да приготвиме и голем број на јадења.
Киселото млеко може да ви помогне ефикасно да го спречите заморот и целосно да се опуштите во секое време, по напорниот работен ден, слично како какаото. Поради високото количество на пробиотици и витамини, специјалистите особено го препорачуваат киселото млеко на луѓето во зрела возраст.
Оваа чудесна состојка помага за спречување на кариесот, го зајакнува имунолошкиот систем, а може да биде и ваш најголем сојузник во борбата против килограмите со тоа што брзо и ефикасно ги согорува масните наслаги. Токму затоа следниот домашен коктел се смета за најмоќниот домашен напиток кој секоја жена над 50 години треба да го консумира.
Домашен коктел од кисело млеко и хељда
Не, не станува збор за само обична чаша кисело млеко со хељда, туку вистински моќен коктел со бројни здравствени придобивки! Овој напиток ќе ви помогне да го прочистите вашето тело од сите токсини, сите непотребни наталожени остатоци и значително ќе го забрза вашиот метаболизам. Благодарение на истиот, лесно ќе може да се збогувате со вишокот несакани килограми.
Едноставно измешајте 200 мл кисело млеко со 1 супена лажица брашно од хељда. Откако добро ќе ги измешајте состојките, оставете го напитокот да отстои 2 часа. Пред употреба, промешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.