Претставувањето на новите Apple модели ќе се одржи на 12 месецов во Купертино, седиштето на компанијата. Радосна вест за зависниците од мобилни телефони, а новина е и тоа што ќе можат да ги видат и новите паметни часовници. Традицијата Apple да го додава зборот Plus на моделите на своите мобилни телефони отсега оди во заборав. Компанијата од своите два извора објавува дека најновиот, кој воедно е и најголем модел со 6.5-инчен OLED екран ќе го носи името iPhone Xs Max. Како ќе се вика поевтината верзија на мобилен телефон со 6.1-инчен LCD екран за сега не се знае.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.