Доколку преживеете една од овие тури, дефинитивно ќе имате со што да се пофалите кај пријателите. Постојат места на планетата кои се особено популарни и покрај тоа што нивната посета со себе носи ризик. Дали имате доволно храброст за да ги посетите..
Тура низ фабриките за кокаин во Колумбија
Дрогата е едно од нештата по кои е позната Колумбија. А, во последно време е и главна туристичка атракција таму. За само десет долари, туристите можат да искусат прошетка долж карипскиот брег па сè до таканаречениот изгубен град – La Ciudad Perdida.
Водичите ги упатуваат посетителите во тоа како се прави кокаинот и како се одгледува коката, а потоа ги носат во некоја од фабриките за истото. Секако, овие тури не се легални и секој турист кој ќе биде забележан во присуство на произведувач на дрога, веднаш ќе биде уапсен.
Динамитна тура во Боливија
Дали ви звучи забавно ползење во кал додека носите торба со динамит на грбот? Токму така звучи динамитната тура низ рудниците полни сребро „Потоси“ во Боливија. На оваа тура ќе имате незаборавна прошетка низ мрачни тунели, со маска на лицето, која недоволно штити од прашината во воздухот.
Пред да влезете во окното на рудникот, ќе мора да купите некој подарок за рударите, а најчести подароци се ливчиња од кока, алкохол, сокови или динамит. Кој го привлекува ваков вид на туризам, може да присуствува на детонирање на динамит во рударско окно.
Банџи над крокодили
Оваа тура сигурно звучи најпривлечно за љубителите на екстремни спортови. На мост преку Викторијанските водопади над реката Замбеза во Јужна Африка постои можност за банџи скокови над вода преполна крокодили.
За ова искуство се вели дека е 111 метри чист адреналин. Ние би рекле 111 метри од молитви за да не ви пукне јажето.
Возење по патот на смртта
Патот на смртта во Боливија ги поврзува Ла Паз со градот Короика. Проценето е дека на овој пат долг 70 километри секој година умираат од 200 до 300 патници.
Теренот е суров и стрмен и нема доволно простор за разминување на два автомобила, а по целата должина на патот има многу споменици посветени на оние кои таму го загубиле животот.
Бркање торнада во САД
Од почетокот на олујната сезона во САД, барем 100 зависници од адреналин резервирале патување со компанијата Extreme Tornados, компанија која е специјализирана за тури наречени бркање на торнада.
Турата ветува возбудлив одмор кој засекогаш ви го менува животот. Ризикот кој го превзема компанијата ќе ве чини 2,600 долари за недела дена, а турата започнува помеѓу април и јули.
„Тјубинг“ низ Лаос
„Тјубинг“ е екстремен спорт кој подразбира спуштање низ речни вртлоци во своевидни санки на дување кои некогаш се, а некогаш не се прицврстени за чамци.
Во Лаос оваа тура е пропратена со големи количини на алкохол, па многумина не ги преживуваат вртлоците на Лаос. Сепак, оваа тура и покрај тоа привлекува многу туристи секоја година.
Улицата Пушер во Кристијанија во Данска
Иако Кристијанија е една од најголемите атракции на Данска, една нејзина улица се смета за исклучително опасна. Спрема полицијата на Копенхаген, оваа област ја контролираат криминални групи кои дилаат најразлични наркотици.
За безбедноста на жителите на Кристијанија постојат строги правила, на кои се советуваат и посетителите. Поточно, таму е забрането да фотографирате, трчате или да разговарате на мобилен телефон.
Оние кои ќе ги прекршат овие правила. Добиваат закани, повреди и се ограбувани од страна на дилерите. Турите ги има секој ден во летото, и секој викенд во остатокот од годината.
Доколку преживеете една од овие тури, дефинитивно ќе имате со што да се пофалите кај пријателите. Постојат места на пл