Според Карл Јунг, типот на личност што поседува уникатни комбинации на одлики, кои вклучуваат затвореност, чувствителност и правда, сочинува само еден процент од населението. Овие луѓе по природа се смирени и уверени во своите верувања, а исто така им е изразена карактеристика дека секогаш се подготвени да им помагаат на другите луѓе.
Овој уникатен тип на личност е скратено INFJ (интровертност, интуитивност, чувствителност и расудување), а откриен е со тестот Myers Bridges, создаден од познатиот психијатар Карл Јунг. Понекогаш овој тип на луѓе се категоризира како „адвокат“ или „идеалист“, пренесуваат медиумите.
Ова се главните карактеристики на таквите луѓе:
Тие се фокусирани на помагање на другите.
Тие имаат идеалистички пристап и рафинирано чувство за добро и зло. Една од нивните најексплицитни цели е да им помагаат на другите. Но тие не се ограничени на „спасување“ на луѓе од тешки ситуации, туку и да ги инспирираат, да им помагаат во самоподобрување и развој.
Тие се дружат многу лесно и се одлични во меѓучовечките односи.
Сепак, тие многу се грижат за времето поминато во интеракција со другите. За да ја обноват својата енергија, потребна им е доза на личен простор и осаменост.
Тие знаат да сонуваат
„Адвокатите се немилосрдни сонувачи. Сепак, нивните соништа не спаѓаат во категоријата чудесни и невозможни, како обичните пасивни сонувачи, чиј идеализам е лесен и кревок. Сосема спротивното. Тие сонуваат конструктивно и наменски, често реализирајќи ги своите соништа.
Во работното опкружување, овие луѓе секогаш покажуваат независност, се фокусираат на целта, висока креативност и многу интуиција.
Тие исто така често се интересираат за уметност и наука.
Нивниот ентузијазам и идеализам може да бидат исцрпувачки.
Луѓето со ваков тип на личност имаат само еден вистински проблем: општеството. Во денешниот свет, полн со неправда, затворени врати и sидови што сите мора постојано да ги надминуваме, не е лесно да се разочараме од сопствените напори. Затоа често се случува луѓето од овој тип да се откажат и да престанат да се борат некое време – едноставно затоа што им е крајно исцрпувачко физички и емоционално.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.