Актерот Идрис Елба се закити со ласкава титула на најсексапилниот маж на светот во 2018 година. Со ваквата одлука на списанието “People” се сложуваат и мажите и жените.
46-годишниот британски актер е познат по улогите во бројните ТВ серии и филмови, а имаше гласини и дека треба да стане првиот темнокож Џејмс Бонд, но тој во август ги демантираше овие наводи.
Елба посветува огромно внимание на своето здравје, а не е тајна ни дека напорно се припрема за филмските улоги. Актерот открил што јаде и како вежба, а тоа може да ви помогне и вам да бидете во форма.
Сака вежби кои не бараат дополнителна опрема
Идрис Елба без сомнеж има на располагање скапи тренери, иновативни вежби, додатоци во исхраната и многу друго. Меѓутоа, тој одлучил неговата фитнес рутина да биде многу едноставна.
“Shadow boxing”, вежбата во која го замислувате противникот, е една од најдобрите вежби која можете да ја изведувате”, изјавил актерот.
“Не ви треба никаква дополнителна опрема, а се активираат сите мускули во телото. Токму тоа го правел и Нелсон Мандела во својата затвореничка ќелија”, додал Идрис.
Кикбоксот му е огромна страст
Повеќе од една деценија, најсексапилниот маж на светот тренира кикбокс.
“Некои мажи сакаат затегнато тело или да трчаат со километри. Мојата цел е да бидам спремен за борба. Ако се борам во рингот, морам да имам сила”, изјавил тој.
Неговиот кардио тренинг е необичен
Можеби го замислувате Елба како маж кој се препотува на статичен велосипед или честопати џогира, но неговата омилена кардио вежба е нешто поинакво.
“Сакам прескокнување на јаже. Верувале или не, десет минути прескокнување на јаже е прилично напорно. Со ваквата вежба го придвижувате целото тело и брзо се препотувате”, појаснил Идрис.
Сепак, тој вежба кога има слободно време па така наутро понекогаш трча 45 минути или прави 100 склекови, а обожува и пливање.
View this post on Instagram
Не се плаши од јаглехидратите и слатките
Сексапилниот актер е свесен за она што го консумира, но не се ограничува. Неговото правило е секогаш да појадува и да внесува јаглехидрати и протеини во организмот, па затоа обично избира здрави житарки и јајца.
Тој не ги смета јаглехидратите за непријатели туку за гориво кое го придвижува.
“Најдобрата работа која ја припремам е тостот. Баш сум добар во тоа, верувајте”, порачал тој. Подеднакво, тој не одбива десерт ако е расположен за тоа. Омилено чоколадо му е она со нугат и карамел.
“Сакам да јадам чоколада на полноќ. Таа е мала, но и брзо можете да се ослободите од амбалажата па никој нема да знае”, се пошегувал Елба.