Најсочниот компир за божикна вечера

Комбинација на мирисни зачини и павлака, совршен додадок на месо кој се топи в уста.
Наједноставен и највкусен додадок за денешната божикна вечера – компири со кисела павлака, портокал и мирисни зачини. Послужете го со печење и традиционална погача.
Потребни состојки:
1 кг компири
2 помали кромидчиња
1/2 кора од портокал
1 лажичка сушена жалфија
300 мл супа од зеленчук (или пилешка)
сол
бипер
5 лажички сенф
4 лажици кисела павлака за готвење
малку магдонос


Подготовка:
Исечкајте ги компирите на коцки и заедно со ситно исечканиот кромид ставете ги во подмачкана тава. Додадете рендана кора од портокал, толчена жалфија, сол, бибер и промешајте. Додајте ја супата, покријте ја со алуминиумска фолија и ставете го компирот да се пече во рерна загреана на 190°C околу 30 минути. Потоа зголемете ја температурата на 210°C, извадете ја фолијата и печете уште половина час за да зоврие целата течност и да зарумени компирот. Измешајте кисела павлака и сенф, истурете над печениот компир и лесно промешајте. Посипете со сечкан магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.