Можеби при приготвување палачинки не користите кефир, но ќе бидете изненадени од неверојатниот вкус.
Потребни состојки:
-4 јајца
-500 мл млеко
-500 мл кефир
-3 лажици шеќер
-половина лажичка сол
-1 шолја брашно
-путер по потреба
Начин на подготовка:
Измешајте ги заедно сите состојки, претходно извадени од фрижидер и стоени на собна температура. Пригответе го тестото и оставете го еден час во фрижидер, така палачинките ќе испаднат помеки.
Загрејте ја тавата, сипете од тестото и пржете ги палачинките од секоја страна, додека не поруменат.
Секоја палачинка обилно намачкајте ја со стопен путер. Благодарение на него, палачинките нема да се исушат.