Козујоши Миура е познат како најстар фудбалер во светот затоа што има 55 години и не планира да се пензионира, а денеска се пресели во португалскиот второлигаш Оливеиренсе.
Миура ги поминал медицинските прегледи, па ќе игра на позајмица во португалскиот тим до крајот на сезоната и ќе се обиде да им помогне на новите соиграчи да се пласираат во првата лига.
Кариерата ја почна во далечната 1982 година во јапонска Шизуока, по што осум години играше во Бразил пред да се врати во татковината.
UD Oliveirense – Kazuyoshi Miura já chegou a Oliveira de Azeméis https://t.co/aYs6S7XAVU