Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени, како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9.
Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата, -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип и Демир Капија, -1 Скопје – Зајчев Рид, а 2 степена во Гевгелија.
На Попова Шапка има 32 сантиметри снег, 15 во Маврови Анови, седум во Крушево, а во Ѓуриште и Пожаране пет.
УХМР најави дека претпладне ќе биде студено, а преку денот сончево со мала локална облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје сончево и претпладне студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.
До утре попладне ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта.
Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.
Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.