Сигурно многу пати сте слушнале за сексуално и емотивно неверство, но друга форма на неверство им создава сè повеќе проблеми на паровите.
Дали некогаш сте слушнале за терминот финансиско неверство?
Тоа е форма на однесување во врска или брак што се манифестира во неискреност за финансиската состојба.
Поконкретно, тоа е чин на прекумерно трошење и акумулирање на долговите без знаење на партнерот.
Оваа форма на неверство вклучува и каква било финансиска одлука донесена без консултација со партнерот, а има негативно влијание врз односот на парот или финансиската стабилност.
Голем број на неодамнешни студии покажаа дека финансиското неверство е во пораст и се случува меѓу паровите од сите возрасти.
Според една студија во САД, дури 41% од Американците ги криеле своите долгови, празни сметки, позајмување пари и лоши навики за трошење од партнерите.
Импулсивното тајно купување и непланирано трошење се меѓу најчестите финансиски проблеми со кои се соочуваат паровите.
Кога ќе се открие вистината, постои сериозно кршење на довербата меѓу партнерите, а страната од која проблемите беа сокриени, со причина се чувствува измамено.
Тешко е да се поверува дека некој може толку многу да ве лаже, некој за кој мислевте дека сте се разбрале и дека може да го „прочитате“.
Кавгите поврзани со парите се потешки и траат подолго, вели Меган Меккој, професорка на Универзитетот во Канзас, кој е специјализирана за финансиска терапија, нова форма на терапија која комбинира финансиски и семејно советување.
Навиките на потрошувачите најчесто стануваат проблем кога парот ќе одлучи да направи голема инвестиција, како што е купување нов автомобил или стан и во неочекувани кризни ситуации кога итно им требаат пари.
Токму тогаш излегуваат на виделина тајните на лицето што ја криело својата финансиска измама.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.