Нашата земја годинава ќе дебитира на изборот за Мис Универзум како независна земја под ново име. Во вторникот се одржа изборот во Скопје, а титулата ја понесе Теа Ѓоргиевска (21) од Куманово, во конкуренција на 20 девојки.“Се пријавив на овие избори со цел да ги поместам моите граници и да им докажам на сите околу мене дека сум храбар и самоуверен. Би сакала да напредувам во секоја смисла, да научам и да разберам што е можно повеќе работи,” изјавила Теа за „Слободен печат“.Теа беше одбрана врз основа на неколку критериуми, како што се убавината, ставот, одењето, акцентот на изразот, странските јазици што ги зборува, но и нејзината цел во животот и идејата како да ја претстават земјата пред светот. Таа истовремено добила и договор вреден 50.000 евра со турска модна агенција.На нејзиниот Инстаграм профил нема многу фотографии, но она што од нив може да се заклучи е дека таа сака патувања и дружење, како и секој млад човек. View this post on Instagram A post shared by 𝓣𝓮𝓪 ⚡ (@_tea_gj_)
Пронајдете не на следниве мрежи: