Најубавата штрудла со праски и суво грозје

500 г кори за баклава
150 г шеќер
1 кг праски
4 јајца
4 лажици гриз
150 г суво грозје
50 мл масло
1/2 кесичка прашок за печиво
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги гризот измешан со прашокот за печиво, сувото грозје и маслото, и добро измешајте го филот. Праските измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на кришки.
Првата кора попрскајте ја со масло, нанесете ја втората и премачкајте со 2-3 лажици фил. Нанесете ја третата кора, филувајте и на едната страна нанесете кришки праски. Свиткајте ги краевите на корите навнатре, па свиткајте ролат. На истиот начин подгответе ги сите ролати и наредете ги во тава. Печете околу 50 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.