Најчевска предлага Талат Џафери да си поднесе оставка

По последните препукувања во Парламентот поврзани со пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски што резултираше со „кавга“ меѓу претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски и пратеникот Мухамед Зеќири професорката Мирјана Најчевска предлага решение за “кризата“.
“Ако се нервира Џафери од настапи на пратеници и заради тоа не може да ја изврши задачата која ја презел нека поднесе оставка и нека си се нервира колку што сака за по дома.
Сега 20 пратеници треба да предложат отповикување на Џафери од функцијата претседател на Собранието“ – напиша Најчевска на Фејсбук.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.