Најчести грешки поради кои не може да ја одржите посакуваната тежина

Доколку имате спор метаболизам, губењето на килограмите ќе биде макотрпна работа. Многу луѓе се обидуваат да ги изгубат килограмите и да ја одржат посакуваната телесна тежина со различни диети, со многу напорен тренинг, броење на калории, планирање оброци итн.
Овие навики влијаат врз процесот на слабеење.
Појадок
Луѓето кои појадуваат се дебелеат помалку од оние кои го прескокнуваат. Доколку го прескокнувате појадокот, за ручек ќе јадете многу повеќе.


Вода
Водата е корисна во текот на слабеење, со оглед на тоа дека помага во процесот на согорување калории. Наредниот пат кога ќе ви се пие сок, пијте повеќе вода и избегнувајте газирани пијалаци.
Храна без маснотии
Придржување до планот на исхрана без маснотии може да доведе до дебелеење. Со отстранувањето на масти од храната ќе јадете уште повеќе, а тоа најчесто резултира со прејадување.
Ако јадете доцна навечер, телото ќе ги складира тие калории како масти, наместо да ги согорува. Обидете се да јадете салата, но избегнувајте да јадете барем 4 часа пред спиење.
Алкохол
Алкохолот влијае на вишокот килограми, особено пивото. Доколку сакате да ослабете, избегнувајте алкохол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.