На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата



Според соопштението на обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската Унија

На меѓународниот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на граничната полиција осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската Унија, објавија албанските медиуми.

Според соопштението на обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската Унија. 

Тие се сомничат за „злоупотреба на должноста“ и „пасивна корупција“ а за услугата наплаќале по 500 и повеќе евра.

Сопственикот на агенцијата која соработувала е уапсен пред неколку дена, откако бил фатен со наркотици. Оваа незаконска активност, според обвинителството, траела една година – од март 2023 до март оваа година.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: