На Балканот-студ, снег, дожд и силен ветер

Делови на Хрватска и Босна и Херцеговина се зафатени од снежни врнежи, во Црна Гора е прогласен црвен метео аларм заради снег и студеното време, а во Србија се очекуваат дождови и силен ветер. Тоа воглавно е сликата на Балканот денес, што се однесува до временските услови.
Како што јави регионалната телевизија Н1 снег паѓа на хрватското приморје, во Горски Котар, Лика, Славонија и во централна и северозападна Хрватска, а заради зимски услови и ветар, забранет е сообраќајот за камиони со приколки од внатрешноста кон Далмација, Ријека и Истра и обратно.
Во БиХ заради снегот има проблеми на патиштата, а од босанскиот Авто мото сојуз предупредуваат за снег на патиштата особено во западните делови на земјата. Исто така, се предупредува и за последици од леден дожд, а издадено е и предупредување за помали одрони на планинските превои.
Во централните и јужните делови на Црна Гора денес на сила е црвен метео аларм. Уште во текот на вчерашниот ден, северниот дел на земјата беше покриен со снег. Снежната покривка во Колашин изнесуваше 7 сантиметри.
Во Србија се очекува топење на снегот кој падна пред неколку дена, како и обилни врнежи од дожд. Во реонот на Банат и подунавјето најавен е силен ветер од јужен и југоисточен правец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.