На Волстрит S&P 500 ослабе трет ден по ред

Во вторникот на Волстрит индексот S&P 500 ослабе трет ден по ред, меѓутоа загубите беа ублажени пред крајот на тргувањето, откако кипарскиот парламент го одби предлогот за еднократно оданочување на депозитите во банките.Индексот Dow Jones зајакна за 0.03 отсто, на 14.455 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,24 се лизна 1.548 поени, а индексот Nasdaq за 0,26 отсто, на 3.229 индексни поени.Во недостиг од позначајни вести кои би поттикнувале, берзанските индекси поголемиот дел од тргувањето во вторникот го минаа во минус. Меѓутоа, загубите беа ублажени откако парламентот на Кипар го одби предлогот на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд за воведување на еднократното оданочување со 6,75 отсто на банкарските штедни влогови и до 100 илјади евра и 9,9 отсто над депозитите поголеми од оваа сума, со кои би требало да се обезбедат 5,8 милијарди евра, во замена за меѓународниот финансиски пакет помош во износ од 10 милијарди евра.Иако министрите за финансии на земјите членки на еврозоната го ублажија тонот и им понудија на кипарските власти да ги изземат влоговите до 100 илјади евра, чијашто сигурност е загарантирана во целата Европска унија, откако парламентот порача предлогот од меѓународните кредитори го смета за уцена и рација на банкарските средства.Сепак, продолжуваат преговорите за помошта на Кипар, за да биде избегнат банкрот на најмалата земја членка на Европската унија, а од еврозоната побараа противпредлог како оваа земја смета дека ги собере потребните средства.Одбивањето на предлогот за оданочување на штедните депозити во банките го ублажи стравувањето на инвеститорите дека штедачите и во другите земји членки на еврозоната би можеле да навалат во банките за да ги извлечат своите влогови.„Меѓутоа, без оглед на исходот од гласањето во кипарскиот парламент, проблемот и натаму постои. Никој не знае како ќе се спроведува финансиското реструктуирање на Кипар“, вели во анкетата на Reuters Николас Колас, стратег во компанијата „ConvergEx Group“.Загрижените инвеститори засилено ги оспоруваат своите портфељи од можниот пад на цените на акциите. Откако во понеделникот скокна повеќе од 18 отсто, во вторникот ткн индексот на „стравот“ VIX на берзата Чикаго на опциите порасна за дополнителни 7,7 отсто.
МакфаксВо вторникот на Волстрит индексот S&P 500 ослабе трет ден по ред, меѓутоа загубите беа ублажени пред крајот на трг

Пронајдете не на следниве мрежи: