На дното на Јадранот пронајдени пет урнати американски бомбардери: Откритието може да реши мистерија стара 80 години

Истражувачки тим од Универзитетот во Делавер и Пентагон откри пет американски бомбардери Б-24 Либератор кои се урнаа во Јадранското Море пред речиси 80 години.

Авионите, користени од американските и британските воздухопловни сили за време на Втората светска војна, се урнаа во морето меѓу Италија и Хрватска и најверојатно беа оштетени во конфликтот. Се шпекулира дека бомбардерите можеби припаѓале на 15-та воздухопловна бригада, со седиште во Фога, Италија, која летала во мисии за бомбардирање низ јужна Европа.

На дното на Јадранот пронајдени пет урнати американски бомбардери: Откритието може да реши мистерија стара 80 години

Пронаоѓањето на авионот ќе помогне конечно да се откријат околностите на исчезнувањето на 23 воздухопловци кои се водат како „исчезнати во акција“ речиси 80 години.

Интересно е што бомбардерите беа пронајдени за време на двонеделната мисија во август од тим на луѓе во кој имало хрватски археолози, научници, нуркачи и воен персонал кои помогнале во потрагата.

При претресот било употребено и автономно подводно возило. Станува збор за роботи во форма на торпеда кои, како што пишува, го чешлале дното на Јадранското Море со сонар во потрага по евентуални урнатини на авион, сличен уред бил користен и во 2014 година при потрагата по исчезнатиот лет 370 на Malaysia Airlines.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.