На Зверев не му се веруваше каква глупост досуди машината па тргна да слика со телефонот

Александар Зверев мина многу тежок испит во Мадрид и се пласираше во осминафиналето, но во моментите додека правеше пресврт против Давидович Фокина, режираше и сцена која не е својствена за професионалниот тенис.
Саша губеше со 1:0 во сетови и се обидуваше да израмни на 1:1, а пред да го направи тоа во тајбрејкот, имаше многу нејаснотии околу една сомнителна топка.
Еден волеј на Шпанецот беше означен како „добра топка“ од страна на компјутерот, па во ситуација кога веќе не се користат линиски судии, главниот судија е приморан да и верува на технологијата.
Мохамед Лајани го предупредуваше Зверев дека залудно се буни за одлуката, но Саша беше до толку уверен дека е во право, што реши да ја слика трагата од топчето со својот телефон.
Со самото тоа, Германецот режираше сцена која е необична на највисоко ниво, па иако доби опомена и свирежи од публиката, на крајот успеа да остане доволно мирен и да го добие тајбрејкот.
Израмнето беше и во третиот одлучувачки сет во кој се играше тајбрејк, но во клучните моменти повторно помирен беше Саша кој славеше со 7:0.
Видео
The post На Зверев не му се веруваше каква глупост досуди машината па тргна да слика со телефонот appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: