Независниот синдикат на здравствени работници во петок почнува протест кој ќе се одвива на паузите од 10 и 30 до 11 часот. Ако владата и министерствата не ги послушаат нивните барања, тогаш ќе го радикализираат протестот и ќе дојдат пред владата. Здравствените работници бараат повисоки плати за 30 проценти, бенифициран работен стаж, трансформација на вработувањата на неопределено и зголемување на коефициентите.
- Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење
- Главните карактеристики на секој хороскопски знак
- Кремаст десерт во кој многумина ќе уживаат: Направете неодолив колач од чоколадо и ванила
- Новинарите ја открија тајната на Путин: Тој ја крие својата внука од јавноста, чиј татко е балетскиот танчер Зеленски
- Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
- Филипче: Тотална шизофренија – мала група пучисти со сите сателити на Мицкоски на една маса
- Стеф Кари стана најплатен играч во историјата на НБА
- Големо откритие за Бик, може да дознае за измама
- Девет лица се уапсени под сомнение за воени злосторства во Косово
Ако го сакате народот и се грижите за здравјето на граѓаните, тогаш треба да се грижите и за нас кои им го чуваме здравјето. Дојдете и видете во какви услови работиме и колку можеме во вакви услови во денот со тој персонал, да се понуди хумано лекување на луѓето. Ако навистина ги сакате, треба да проверите како се работи и што правиме за да им ја дадеме таа услужна дејност на пациентите, изјави Кристина Олевска претседателка на независниот синдикат на здравствени работници на ГОБ 8 Септември.
Еден од предлозите на независниот синдикат е високата плата на функционерите што се зголеми за 78 проценти, да се оданочува со 40 проценти.
Еден од нашите предлози е да се оданочува високата плата на функционерите со 30 до 40 проценти, или солидарен фонд, изјави Боби Бојчевски, национален координатор за здравство на КСОМ.
Понатаму, предлозите се да се ослободат здравствените установи од плаќање вода и струја по индустриска тарифа и да се укинат економските директори.
Пронајдете не на следниве мрежи:



