На земјоделците им е потребна континуирана грижа и реални мерки, а не залажување на новата влада на СДС

Земјоделците се соочуваат со проблем поврзан со откупот на земјоделските производи. Во моментов алармантна е ситуацијата со производителите на праски во државава, истакна на денешната прес-конференција Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ.Според информациите кои ги имаме голем дел од родот во моментов пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. Информациите кои ги имаме велат дека се засегнати сите производители на праски кои имаат проблем и со откупот и со цената на праските. Минатата година родот се откупуваше без проблеми, а цената на праските изнесуваше 35 денари по килограм и повеќе, цената достигнуваше до 50 денари по килограм за прва класа на праски. Годинава постои реален проблем со откупот, а цената се движи околу 20 денари.
СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми на земјоделците. СДС ја води владата и мора да почне да работи. Земјоделците очекуваат новата влада на СДС да ги решава проблемите со кои се соочуваат земјоделците.
Министерството за земјоделство, додека беше раководено од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во 2016-та година одвои 12 милиони евра за покривање на штетите од временските непогоди и за разликата од производната до продажната цена на некои земјоделски култури се исплаќаа надоместоци кои што изнесуваа преку 6 милиони евра за одредени култури.
Очигледно дека СДС сакајќи да покаже некаква идејност, на земјоделците им нуди суми извадени од ракав без никакви анализи кои не можат да покријат ни една штета од временски непогоди, а камо ли да им ја исплаќаат разликата од производната до продажната цена на сите земјоделски култури.
Секоја година, согласно политиките на ВМРО-ДПМНЕ државата исплаќаше над 1,5 милион евра за кофинансирање на полисите за осигурување на имотот. Стапката од 60% за кофинансирањето која ја исплаќавме е највисока во целиот регион и пошироко.
На земјоделците им се потребни средства кои ќе ги имаат на располагање во секое време и мерки за помош и развој на земјоделството. Токму тоа го има во изминатите години од Владата предводена од коалицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ. Земјоделците добиваа буџетските средства од 150 милиони евра, со 100% покривање на проценетата штета од временските непогоди.
СДС ветуваше дека ќе формира интервентен фонд од 6 милиони евра помош за земјоделците. Земјоделците од СДС очекуваат исполнување на ветувањата и подигнување на нивниот стандард.
На земјоделците им е потребна континуирана грижа и реални мерки, а не залажување со неефективни мерки и најави на новата влада на СДС кои се сведуваат на блокирање, укинување и уривање.Според информациите кои ги имаме голем дел од родот во моментов пропаѓа, а земјоделците претрпуваат штета. Информациите кои ги имаме велат дека се

Пронајдете не на следниве мрежи: