На изборите во Македонија 88 странски набљудувачи, од кои 13 од Косово

Вкупно 88 набљудувачи од странство ќе ги следат претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија, од кои 13 овластувања за набљудување Државната изборна комисија издаде на претставници на Централната изборна комисија на Косово.

ОБСЕ/ОДИХР со 65 набљудувачи ќе бидат убедливо најбројни, 5 се од ИФЕС, 2 од Молдавија, а 3 од Амбасадата на Албанија во Скопје.

Според објавениот список, Центарот за безбедносни истражувања во Скопје ќе има 29 набљудувачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: