Во Италија продолжи судењето за убиството на актерката во филмови за возрасни, Карол Малтези (26). Нејзиното поанешно момче, Дејвид Фонтана, кој е осомничен за убиството, на рочиштето изјавил дека случајно ја убил Малтези додека заедно снимале видео за платформата „Онли фанс“.
Матези била врзана за снимање на сцената. Рацете и биле врзани зад грб, а таа имала селотејп лента преку устата и торба преку главата, додека Фонтана ја снимала сцената со својот телефон. Снимената сцена е стравична затоа што камерата снимила како Фонтана со чекан ја убил порно актерката.
Сцената вклучува неколку удари во бутовите, а потоа и во стомакот. Потоа почнав да ја удирам по глава. Не можев да и го видам лицето бидејќи беше покриено со вреќа. Тогаш ја кренав вреќата и сфатив дека сум ја убил, изјавил тој пред судот.
Фонтана вели дека потоа и го пресекол грлото.
Сакав да и ја ублажам болката. Потоа преплашен шетав низ собата, изјавил Фонтана и додал дека неколку дена подоцна почнал да го сече телото.
Деловите од телото ги фрлал наоколу во населбата Борно во близина на Бреша.
Користев пила, а чеканот и ножот ги фрлив во контејнер за отпадоци. Ми требаа три дена да го распарчам телото. Сега би умрел само за да ја оживеам Карол. Ништо од тоа што го направив не го планирав, раскажал Фонтана.
На претходното рочиште, Фонтана призна дека создал лажен профил на „Онли фанс“ за да ја натера Карол да снима порнографски содржини, од кои многу имале сцени на насилство.
Обвинителот смета дека Фонтана, преку лажен профил го нарачал видеото со сцени на насилство за да му биде полесно да ја убие. Потоа, по убиството, го користел нејзиниот телефон за да стапи во контакт со нејзините најблиски, вклучувајќи го и нејзиното сегашно момче, за да изгледа како таа да е се уште жива.
Канцеларијата на обвинителот претходно откри дека Фонтана ја користел и нејзината кредитна картичка за да купува разни предмети како женски чевли, неколку месеци по нејзината смрт за да се чини дека Карол е сè уште жива.
Убиството на Карол Малтези се случи на 11 јануари 2022 година, а телото на несреќната девојка беше пронајдено дури на 20 март, затоа што никој не ја барал повеќе од два месеца.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.