На Косово тензично, граѓаните вознемирени

Припадниците на специјалните единици на Косово, РОСУ рано изутринава уапсиле четири лица, а се слушнало и пукање и сирени. Портпаролот на косовската полиција, Даут Хоџај изјави за РТС дека по налог на надлежниот суд единиците на косовската полиција извршиле рација на четири локации и привеле четворица во рамките на истрагата за убиството на Ивановиќ.
Уапсени се Драгиша Марковиќ, припадник на Косовската полициска служба (КПС) кој работел на случајот на убиството на Ивановиќ, Саша Чуркиќ, Марко Рашиќ и Недељко Спасојевиќ, исто така припадник на КПС. Според РТС, тие се одведени во полициска станица во Јужна Митровица.
Претседателот на Српската листа Игор Сомиќ изјави дека не знае каде се однесени уапсените, а сопругата на уапсениот Марковиќ рекла дека го тепале со раце, нозе и кундак.
Според пишувањето на порталот Коссев, во Косовска Митровица од изутринава од 6 до 7 часот се  слушале сирени за воздушна опасност, што ги вознемирило граѓаните. Во истиот период се слушнале и истрели.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.