На Косово утре Ден на жалост поради смртта на Џорџ Буш постариот

Покрај тоа што во САД за утре е прогласен Ден на жалост заради смртта на претседателот Џорџ Буш постариот и претседателот на Косово, Хашим Тачи како знак на државна и граѓанска почит поради неговиот придонес за слободата на Косово за утре прогласи Ден на жалост и на Косово.
Меѓу другото претседателот Буш постариот на Косово ќе остане запаметен по тоа што во 1992. година упати писмо до претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, наведувајќи дека САД се спремни да употребат воена сила против Србите на Косово и во Србија, во случај да дојде до судир на Косово предизвикан од акции на српските сили.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.