На која страна од креветот спиете?

Текот на нашиот секојдневен живот во голема мера зависи од тоа како ги поставуваме нештата на почетокот од љубовната врска. Создавањето одредени навики е долг процес, но некои работи се случуваат без многу размислување, па наутро секогаш прво одиме под туш, додека нашата драга личност очекува да ѝ направиме кафе. Не е ништо поинаку и со изборот на страната на која спиеме.
На која страна од креветот спиете?
Во повеќето случаи, „изборот“ се прави преку неискажан договор. Меѓутоа, ако сепак стане збор за оваа тема, обично лицето кое сака да спие до ѕидот го кажува тоа, а оној кому му пречат надворешните звуци, избира да спие подалеку од прозорецот. Сепак, изборот на страната од креветот на кој спиете, иако е импулсивен, може да биде и клучен избор за голем број нешта во врската и животот.


Експертите одат во крајности за да посочат дека постои нешто што се нарекува – будење на погрешната страна на креветот. Според истражувањето спроведено на оваа тема, се покажало дека луѓето кои спијат од левата страна на креветот го започнуваат денот многу поведро од оние од десната страна. Студијата покажала дека повеќе од една четвртина од луѓето кои спијат од левата страна на креветот гледаат позитивно на животот додека случајот е сосема поразличен со оние кои спијат на десната страна.
Понатамошните тестови покажале дека луѓето кои спијат од левата страна на креветот повеќе уживаат во својата работа и имаат тенденција да ја задржат истата, отколку оние што ја претпочитаат десната страна. За утеха на оние што ја сакаат десната страна, некои статистики покажале дека повеќе заработуваат оние од десната страна. Тие имаат тенденција навистина да уживаат во сопственото друштво и да го поминуваат времето рационално.
Исто така е многу интересно да се спомене дека сме многу заштитнички настроени кон страната на креветот каде што претпочитаме да спиеме. Дури 75% од луѓето одбиваат да се префрлат на другата страна, дури ниту за една ноќ. И ако конечно се согласат на тоа, спијат немирно, борејќи се со личните демони.
Иако повеќето од нас несвесно ја избираат страната од креветот на која ќе спијат, тоа е поврзано со нашата природа. Некои поединци дури и откако ќе ја раскинат љубовната врска не ја менуваат својата страна од креветот, а на новиот партнер му го отстапуваат празно место без да има право на избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.