На луѓето над 40-годишна возраст овој витамин им е неопходен

За општо добро здравје, експертите советуваат дека неопходен ви е витаминот B9.
Поволните својства на фолната киселина докторите активно ги проучувале од 1926 година и дошле до заклучок дека таа има многубројни позитивни својства на организмот.
Витаминот Б9 или фолната киселина е важна компонента која ги започнува процесите како што е метаболизмот во човековото тело.
Таа влијае и во произведување на клетки во имуниот систем, а со самото тоа го одржува здравјето и спречува прерано стареење.
Исто така таа е неопходна супстанца за стабилно функционирање на репродуктивниот систем кај жените, па поради тоа се препорачува да се консумира во текот на бременоста и по 40 – 45 година.
Важна состојка е поради учеството во создавањето на еритроцитите, служи за нормално функционирање на мозокот, а значајна е и за менталното и емоционалното здравје. Ги спречува уморот, несоницата и депресијата.
Неодамнешно истражување покажало дека овој витамин ја поддржува функцијата на срцевите мускули.


Го поттикнува и протокот на кислород и хранливи состојки, но ја подобрува и крвта.
Човековото тело прима витамин Б9 преку храната, а во овие намирници го има во изобилство:
– спанаќ;
– грав;
– соја;
– џигер;
– пивски квасец;
– житарици;
– млеко;
– леб;
– тестенини;
– лимон.
Доза која се препорачува:
Доколку постои дефицит на фолна киселина, вообичаено треба да се консумира од 250 до 1000 микрограми дневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.