Доколку планирате да посетите новороденче, постојат правила кои се повредни од кој било подарок, а лесно се почитуваат.
Во првите 40 дена доаѓаат најблиските роднини, додека пријателите и остатокот од семејството треба да чекаат да помине тој прв период.
Без разлика дали ќе ги посетите во првите 40 дена или потоа, многу е важно да ги почитувате обичаите за тоа што треба да му подарите на бебето и да ги почитувате работите кои се многу важни и за бебето и за мајката, а не се материјални.
Ова се работи кои се многу поважни за мајката и бебето од подарокот што ќе им го дадете:
Секогаш прашувајте во кое време можете да дојдете затоа што и мајките и бебињата имаат свој распоред во текот на денот кој никогаш не треба да го менуваат за другите.
Штом ќе влезете дома, измијте ги рацете и не го бакнувајте бебето.
Не се однесувајте како гостин, туку обидете се да помогнете секогаш кога можете. Можете дури и да понудите да ги измиете садовите или да раскренете нешто ако сметате дека е соодветно. Не можете ни да замислите колку тоа значи за новите родители.
Ако имате и најмали знаци на настинка или ако некој од вашите контакти има настинка, одложете ја посетата на бебето.
Воздржете се од коментирање на изгледот на мама или изгледот на куќата.
Не останувајте премногу долго, излезете од домот на време бидејќи секогаш треба да имате на ум дека на мама и на бебето им е потребен одмор.