На мајките им треба одмор од децата еднаш годишно

Мозокот на жената буквално се менува кога ќе стане мајка. Научниците открија дека количината на сива материја во мозокот се зголемува кај мајките четири месеци по породувањето. Но, тоа не е единствената промена.
Целиот живот на жената се менува откако ќе стане мајка бидејќи тоа е како работа со полно работно време и повеќе. А како што ни е потребен одмор од секоја работа, и оваа не е исклучок.
Можеби звучи ладно и чудно, но на мајките им треба одмор од нивните сакани деца, барем еднаш годишно.
Тоа не значи дека ги сакаат помалку или им е смачено од нив, но едноставно, еднаш годишно треба да одморат од постојаната грижа за нив за да можат да продолжат да функционираат.
Ако чувствувате потреба да направите пауза од децата, тоа не значи дека сте лоша мајка, туку дека ви треба време да се посветите на себе за да бидете подобра мајка.
Оваа пауза може да ја изведете онака како што вам ви одговара: одмор на плажа, неколку дена во викендичката на некои пријатели или едноставно една „женска вечер“ со другарката. Најважно е да не сте со децата, да не бидете „на повик“ и да се опуштите.
Обврските околу децата, домот и работата може сериозно да ве изморат, а тој вид на умор не поминува ако сте во близина на „изворот“ бидејќи нема да можете да не реагирате кога сте блиску до децата.
Тој умор со тек на време ви предизвикува стрес и се одразува на вашето расположение и енергија, а тоа се одразува на целото семејство и домот.
Затоа, за доброто на сите, на мама ѝ треба одмор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.