На “Партизанска“ прегазена жена

На булеварот “Партизански одреди“ во Скопје вчера во 10:30 часот, товарно возило “Мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот И.А. од село.Милетино, Тетовско, удрило во пешакот Н.И.(77) од Скопје.
Н.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “8 Септември“. На местото на настанот увид  извршила екипа од СВР Скопје.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.