На партијата на Мицковски не им пречи коалиција со ДУИ во Битола, иако во секоја прилика ги нарекуваат криминалци и мафија

По констатирањето на дневниот ред, на завчерашната редовна седница на Советот на Општина Битола седницата беше прекината, а потоа се случил пресврт.

Седница беше прекината откако ја напуштија советници од СДСМ, како и тројцата советници од Поинаку, меѓу кои е Илиевска.

На партијата на Мицковски не им пречи коалиција со ДУИ во Битола, иако во секоја прилика ги нарекуваат криминалци и мафија

Советници од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Левица повторно продолжија со работа и избраа времен претседавач на Советот со тоа прескокнувајќи ја Габриела Илиевска која е Претседателка на Советот од редовите на независната советничка група Поинаку.

Во продолжението, со седницата претседава советничката на ВМРО-ДПМНЕ Марица Тодоровска.

Сето ова следува откако вчера Илиевска објави видео на социјалната мрежа Фејсбук со кое бараше одговорност од Градоначалникот и општината за незапочнатиот проект Изградба на стационар за згрижување на кучиња – скитници

Со свој став се јави и Илиевска, која вели дека уште на самиот почеток на мандатот ветиле дека во Советот на Општина Битола ќе работатсамо и исклучиво за интересот на битолчани.

„Поинаку останува на ставот – интересот на граѓаните пред се, а моментално ни Вмро Дпмне, ни Сдсм не работат во таа насока. Поради ненавремено реализирање на проектите кои се во интерес на граѓаните, Поинаку не даде поддршка на точките кои се разгледуваа на комисиите кои се одржаа изминатите неколку денови. Свесни дека нема да ја добијат нашата поддршка за ни една од точките на денешната седница на Советот на Општина Битола, ВМРО Дпмне и Сдсм уште еднаш ја докажаа меѓусебната соработка за личен интерес, а на штета на граѓаните. Денес 26тата седница ја прекинав согласно член 65 од деловникот за работа, бидејќи 11 наши колеги ја напуштија седницата на Советот истовремено.
Како претседател на Совет сакав да ја утврдам причината за напуштањето и да направам дополнителни консултации преку одржување на координација со претставници од сите советнички групи, а се со цел нормално функционирање на Советот и носење на легитимни одлуки за граѓаните на Битола“, вели Илиевска.

Таа додава дека очигледно договорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се посилни и побитни од битолчани!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.