На последното испраќање на Марина Туцаковиќ сите присутни ќе мора да покажат сертификат за вакцинација

Синот на покојната Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се наведува дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.
„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки.

Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ожалостените, Александар и Милан Радуловиќ“ – се наведува во соопштението

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.