На предвремени избори ќе обезбедиме 2/3 мнозинство за промена на Уставот, тврди Шеќеринска

На денешната прес-конференција во Владата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави дека во четврток започнуваат преговорите за членство во НАТО, по поканата добиена по потпишувањето на Договорот од Преспа.
– Со членство во НАТО добиваме подобра и побезбедна иднина, подобро платени работни места, побезбедни граници… Пратениците со притискање на копчето „за“ ќе стават крај на на 27-годишниот макотрпен пат до членство во НАТО. Не смееме да дозволиме да надвладеат личните интереси. Доколку не се обезбеди 2/3 мнозинство, тогаш Собранието на РМ очекуваме во најкус можен рок да закаже предвремени парламентарни избори на кои ќе го обезбедиме 2/3 мнозинство, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.