Со поврат на инвестицијата од 0,5% годишно (под услов да имавме пари самите да инвестираме, односно без каматни трошоци!), не можат да ја анулираат ни стапката на инфлација (3%), а камоли да остварат реална добивка. Да не зборуваме за загубата од амортизација (1,4% годишно). Ефективната каматна стапка од 7% (вклучувајќи ја британската премија за гаранција) пак е вистински убиец!
Во стварност, поради малите добивки што не можат да го вратат кредитот, проектот по 22 години ќе заврши со загуба од најмалку 3,3 милијарди евра, а ако цената на пругата достигне 3 милијарди, тогаш загубата ќе се искачи на 5 милијарди евра!
Ама кога на неписмени ќе им дадеш да водат држава и кога нема салам обвинителство да ги сопре на време, пред да направат голема беља…