недела, 29 ноември 2026
Најново

На синоќешните протести во Барселона неколкумина останале без око, а двајца се во критична состојба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери.
Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската Влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата авенија “Меридијан“ во источниот дел на градот.
Вршителот на должноста министер за полиција Фернандо Гранде-Марласка вчера изјави дека во судирите досега биле повредени 288 полицајци, уапсени 194 лица и оштетени се 267 полициски возила. Исто така, повредени се неколку стотици демонстранти.
Градоначалникот на Барселона, Ада Колау изјави дека еден полицаец и еден демонстрант се во критична состојба и дека неколку лица го изгубиле едното око, бидејќи биле погодени од гумени куршуми испукани од полицијата.

Поврзани вести