четврток, 12 ноември 2026
Најново

На Табановце уапсен Германец, кој се обидел во државата да внесе дрога, солзавци, ножеви…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49) од Сојузна Република Германија.

При контрола во возилото „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести