НБА: Не запира серијата на Мајами

Кошаркарите на Мајами ја продолжија победничката серија, откако во дербито на истокот ја совладаа Индија со 105:91. Ова е прва победа за Мајами над Индијана оваа сезона, откако на претходните две средби победи забележаа Пејсерси.До 18-та победа во низа Мајами го предводеа Марио Чалмерс со 26 поени (5-6 за три), два помалку постигна Крис Бош, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 13 поени. Пејсерси кои имаат скор 39-24 ги предводеа Дејвид Вест со 24 и Рој Хиберт со 16 поени.Оклахома во Бостон ја запишаа петтата победа во низа. Кевин Дурент имаше учинок од 23 поени, 11 скокови и четири асистенции во победата на Оклахома од 91:79. Оклахома има скор 47-16, додека Бостон има 34 победи и 28 порази.ЛА Лејкерс прв пат сезонава се со позитивен скор, ’езерџиите’ имаат 33 победи и 31 пораз. Лејкерси предводени од Двајт Хауард (16 поени, 21 скок) го совладаа Чикаго со 90:81.ЛА Клиперс убедливо го поразија Детроит со 129:97, Крис Пол (20 поени, 14 асистенции) и Блејк Грифин (22 поени, 8 скока) беа најекспонираните играчи на Клиперси. Резултати од другите натпревари:Орландо-Филаделфија 99:91Торонто-Кливленд 100:96Њу Орлеанс-Портланд 98:96Минесота-Далас 77:100Сакраменто-Милвоки 113:115.
МакфаксКошаркарите на Мајами ја продолжија победничката серија, откако во дербито на истокот ја совладаа Индија со 105:

Пронајдете не на следниве мрежи: