Неверојатно, преживеал два дена заробен на дното од морето

Преживувањето на готвачот при потонувањето на еден брод во Нигерија претставува вистинско чудо. Тој успеал да преживее цели два дена на дното од океанот откако бродот на кој работел како готвач потонал и го заробил во својата внатрешност.
 
Верувале или не, нигериецот Харисон Окене пронашол воздушен меур кој се создал при потонувањето на бродот и таму останал два ден чекајќи ја екипата за спасување. Додека чекал во темнината, постојано мислел дека е крај, дека во секој момент вода ќе навлезе во просторијата во која бил, а воопшто не му помагало тоа што во соседната просторија претходно ги видел мртвите тела на лица од екипажот, а во текот на двете ноќи слушал како рибите ги јаделе нивните тела.

 
И самиот Харисон, верува дека неговото преживување е вистинско чудо и не сака никогаш повеќе да се врати во морето. 
 
 
извор:denesen.mkПреживувањето на готвачот при потонувањето на еден брод во Нигерија претставува вистинско чудо. Тој успеал да преживее

Пронајдете не на следниве мрежи: