Млад човек (25) е тешко повреден во Дрезден кога неговата девојка (19) го врзала со лисици на креветот и му го запалила станот.
Тој заедно со рамката од креветот некако успеал да избега на балконот, а пожарникарите со тешки повреди го пренеле во болница.
- Жени од Украина и Молдавија приведени во угостителски објект во Желино
- Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G
- Илјадници луѓе протестираа во Анкара – бараат зголемување на минималната плата
- Драматична пресметка кај Велес: Дрвокрадци повредиле шумски полицајци, мавтале со ножеви и моторни пили
- Деспотовски објави: Не е точно дека сум приведен
Локалните медиуми јавуваат дека младиот човек бил врзан со лисици на креветот и не можел да се извлече од ситуацијата во која се наоѓал. Пожарот брзо се проширил, а противпожарната служба брзо пристигнала на терен и со помош на долга скала го спасила од пламените јазици.
Противпожарната служба во Дрезден на социјалната мрежа Х објави дека спасила вкупно две лица користејќи скала. На една од нив и била укажана итна медицинска помош, по што била пренесена во болница. Не кажуваат кое било другото лице што го спасиле.
- Станот беше целосно опожарен. Поради големиот чад мораше да се спроведат обемни мерки за вентилација – се наведува во соопштението.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот по околу четири часа. Целиот кат е сериозно оштетен и привремено затворен.
Полицијата соопшти дека пожарот најверојатно бил подметнат со запалка.
Осомничената девојка е познаник на мажот со кој во четвртокот била во станот. Млада Германка била уапсена во текот на денот додека бегала од полицијата. Таа веќе е сослушана и во петок ќе биде изведена пред истражен судија.
Полицијата ја товари за убиство во обид.
Засега јавно не се познати мотивите и точниот тек на злосторството.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.