Негативни ставови кои ја убиваат среќата

„Се тоа веќе го слушнав и видов“

Како што Ајнштајн одамна рекол, знаењето нема граници. Што повеќе учите толку повеќе го зголемувате вашиот капацитет за учење. Имајте отворен ум и дајте им шанса на некои работи. Од се може да се научи нешто ново. Никогаш не знаете што одредила судбината за вас.

„Морам се да држам под контрола“

Доколку имате потреба да го контролирате се тогаш веројатно ќе преживеете голема фрустрација кога сфатите дека има многу работи кои не можете да ги контролирате како што се понекогаш неуспехот, бесот и стресот. Кога престанете да се трудите нервозно да ги држите сите конци во раце, среќата сама ќе дојде.

„Во минатото се изгорев и повеќе не сум во состојба да сакам“

Непотребно е да се пишува за тоа колку овој став е лош. Тој ја блокира секоја шанса повторно да бидете среќни. Тешко е да продолжите после емоционални трауми но ништо не може да ве издигне како нова љубов, пријателство или среќа која доаѓа. Секогаш бидете отворени за нови енергии.

„Се доживувам лично“

Не е се што се случува директен напад на вас. Ваквите мисли може да ве изедат и нема да имате мир. Има моменти кога чуствувате дека не сте сакани и почитувани, но мора да сфатите дека и други имаат проблеми во животот и не можат константно да внимаваат на вас, а тогаш треба да имате разбирање.

„Премногу сум зафатен за семејството и пријатели“

Ова се најважните аспекти на вашиот живот кои не смеете да ги занемарите бидејќи ќе бидете многу несреќни доколку еден ден се свртите и сфатите дека не поминувавте доволно време со најблиските. Тие за вас се столб на потпирање, некој кој ве сака и кој секогаш ќе биде тука. Ова е основата на среќата.

„Тоа што не го знаат не може да ги повреди“

Никогаш немојте да ги лажете другите колку и да е тоа за нивно добро. Сепак, некои сакаат да ги излажат отколку да ја слушнат вистината која не им одговара. Со лагите може да се вплеткате во многу лоша мрежа. Ќе бидете несреќни поради фактот дека некој го лажете, а се може многу лошо да заврши.

„Подобар сум од другите“

Држете ја својата гордост под контрола инаку луѓето ќе ви свртат грб. Не гледајте ги другите од висина бидејќи за тоа не постои причина. Кажете секогаш извини и благодарам кога тоа треба и научете да прифаќате гршка. Сите успешни луѓе имаат нешто заедничко, а тоа е умереноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.