Неда Украден имала болно минато: Со години ги криеше деталите, а сега се ќе открие во книга!

-По 50 и повеќе години кариера во која постигнав најголем успех, добив најголеми пејачки, дискографски и уметнички награди, бев сведок и учесник на многу настани на естрадата.
Пејачката вели дека нејзиниот живот бил како феникс и дека ќе и го претстави на публиката преку книга без украси и измислици.
Една од ѕвездите кои со ист интензитет блескаа на поп-небото во регионот со децении, Неда Украден, реши да стави на хартија сè што доживеала за 70 години живот.

Знаењето што го стекнала на Факултетот за англиски јазик и литература, на која дипломирала, покрај Правниот факултет во Сараево, решила конечно да го искористи и да напише автобиографија. Таа истакна дека засега стигнала до 1980 година, што и била многу важна затоа што тогаш го сменила имиџот и започнала соработка со композиторите Џорџ Новковиќ и Рајко Дујмиќ.
По 50 и повеќе години кариера во која постигнав најголем успех, добив најголеми пејачки, дискографски и уметнички награди, бев сведок и учесник на многу настани на естрадата, но и на друштвената политичка сцена од овие простори – вели Неда и додава дека нема моменти што ќе ги разубават и ќе се разликуваат од реалните, но дека тие ќе претстават сè како што навистина се случило – изјави пејачката и додаде:
Јас искусив толку многу во мојот богат живот, и убаво и грдо, што не мора да лажам, да измислувам за да ги полнам страниците. Нема да можам да ги ставам сите настани од мојот живот во една книга, така што ќе има две. Само што го завршувам првиот том, првата книга – вели пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.