„Недела неработен ден“ за големите маркети

Стопанските комори ќе ги дадат своите мислења и предлозиво врска со предлогот недела да биде неработен ден
Според министерот за економија Крешник Бектеши, во трговијата на мало нема да има никакви измени, односно малопродажните објекти ќе продолжат да работат согласно Законот за трговија, а за измени се размислува во трговијата на големо – големите магацини или маркети, за што има веќе неколку опции кои ќе бидат пратени на разгледување во Владата, а откако ќе биде добиено „зелено светло“ и од коморите, ќе се донесе решение.
-За туристичките агенции и за угостителите најверојатно ќе остане постоечкото решение до средината на наредната година, а за Законот за трговија се прават неколку опции, посебно за трговијата на големо каде што ќе има одредени измени, но тие нема да се случат веднаш зашто треба да бидат информирани сите бизниси во земјава. Секако, треба првично да бидат информирани и во соработка со стопанските комори да се донесат такви решенија“, истакна Бектеши.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.