Цинкот е важен минерал за човечкото тело. Лекарите наведуваат дека за негов недостаток се смета кога го нема доволно за основните функции на организмот.
Според „Health Direct“, цинкот служи за извршување на функции во организмот како што се зачувување на имунолошкиот систем, правилна функција на тироидната жлезда, згрутчување на крвта, подобрување на сетилото за вкус и мирис, а особено е важен за време на бременоста за нормален раст и развој на детето.
Покрај тоа, цинкот е неопходен и за нашата кожа бидејќи помага во заздравувањето на раните. Еден од раните знаци на недостаток на цинк се промените на кожата кои на почетокот изгледаат како егзема, но не исчезнуваат дури и по третман со хидратантни или стероидни креми. Овие промени најпрво може да се забележат околу устата и рацете.
Исто така, знак на кожата кој го вклучува неговиот недостаток е појавата на акни. Други симптоми на недостаток на цинк се: почести инфекции, дијареја, проблеми со видот, промени на косата или нејзино опаѓање.
Недостатокот обично е предизвикан од проблеми со апсорпцијата на цинк од исхраната или недоволно внесување на овој минерал. Во случај на екстремен недостаток на цинк, неопходно е да се користат суплементи, но во тој случај задолжително консултирајте се со лекар.
Најдобар начин да се избегне недостаток за повеќето луѓе е да се јаде повеќе храна богата со цинк, како што се млечните производи, живината и црвеното месо и морските плодови. Цинкот исто така може да се најде и во житарките, мешунките, јаткастите плодови и семките, но најдобрата апсорпција е од намирници од животинско потекло.