Незапирливиот Бостон славеше во Њујорк


Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Бостон Селтикс предводени од Џејлен Браун, во саботата ја извојуваа осмата последователна победа над Њујорк Никс со 116:102.

Во њујоршки „Медисон Сквер Гарден“, Џејлен Браун со 30, Кристапс Порзингис со 22 и Џејсон Тејтум со 19 поени, 6 скока, 6 асистенции, придонесоа Селтикс го подобрија својот соодност на 45 победи и 12 порази. Кај Њујорк, Џејлен Брунсон постигна 34 поени.

„Имаме толку многу добри играчи во нашиот тим“, се радуваше Тејтум, кој не криеше дека Бостон гледа напред кон оваа сезона, размислувајќи како најдобро да се подготви за плеј-офот. „Имаме многу добар тим и знаеме која е крајната цел, што се обидуваме да постигнеме“, додаде.

Првиот тим на Западот, Минесота Тимбервулвс, ден претходно беа поразени од Милвоки (112:107), но одлично одговорија со доминација над Бруклин Нетс (101:86) и покрај отсуството на поштедениот Руди Гоберт. Оваа 40-та победа сезонава, заедно со 17 порази, беше постигната особено благодарение на учинокот на Ентони Едвардс со 29 и Карл-Ентони Таунс со 28 поени. Нетс го претрпеа четвртиот пораз по ред и се чини дека испаднаа од плејоф трката, бидејќи се само 11-ти на Истокот.

Во последниот меч на вечерта, Орландо Меџик, шестиот тим на Истокот, славеа над последните Детроит Пистонс со 112:109, благодарение на трите поени – кош и слободно фрлање на Паоло Банкеро. Меџик победија осми пат од последните 10 натпревари и имаа осум играчи со двоцифрен резултат – најмногу Банкеро – 15, додека Франц Вагнер, Јален Сугс и Мориц Вагнер постигнаа по 14.

Пронајдете не на следниве мрежи: