Незаслужените петки штетни и за децата и за општеството, им порача Јаневска на родителите

Инсистирањето на незаслужени повисоки оценки од страна на родителите им штетни прво на нивните деца, потоа и на цело општество, им порача денеска на родителите министерката за образование Весна Јаневска.
„Проблемот со ‘петките’ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво на своите деца, а потоа и на целото општество“, вели Јаневска,
Додава дека полабата оценка не е казна туку мотив за повеќе.
„Има неколку мерки кои досега сме ги презеле-на пример со Е-дневникот, со разни програми со кои се обидуваме да влијаеме на разни стереотипи и предрасуди и ќе продолжиме во ист правец“, рече Јаневска.
Министерката денеска во Струмица присуствуваше и се обрати на петтиот панел од националната кампања „Магијата е знаењето“ на Министерството за образование и наука.

Пронајдете не на следниве мрежи: